ВМРО НЕ ДОБИ ПОДДРШКА ОД СОЦИЈАЛИСТИТЕ ЗА ИНТЕРПЕЛАЦИЈА НА ВЛАДАТА - ВАЉДА АРНО ИМ Е
  Објавено на
share

 

Социјалистите не се потпишаа на интерпелацијата на ВМРО-ДПМНЕ

via- mkd.mk

 

На иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за гласање за доверба на Владата се потпишаа 41 пратеник на опозициската партија. На интерпелацијата не се потпишани пратениците на Социјалистичката партија - Љупчо Димовски, Владанка Авировиќ и Стојан Миланов.

 

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на 9 страници сметаат дека се работи за најкриминалната и најнеспособна влада до сега.

„Немаме никаков раст на БДП и сме единствена земја во Европа која за 2017 година не забележа економски раст. Државата после долг период не бележи раст и тоа е само поради неспособноста на актуелната влада. Имаме пад во градежништвото од 48%, нема нови инвестиции и нови работни места, нема покачување на плати и пензии“, се вели во образложението на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата смета дека власта спроведува политички реваншизам со уцени и притисоци, мислејќи на уапсените пратеници. ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека МВР прикрива убиства, а како дамка на ова министерство ги припишуваат случајот со нападнатата полицајка од страна на Бекир Асани и набавката на 45 возила.

Во образложението се критикува работата на министерствата за труд и социјала, за образование, транспорт и врски, за здравство, земјоделие, националната програма на Министерството за култура, договорот со Бугарија и процесот на решавање на спорот со името.

„Владата на РМ нема никаква стратегија ниту градење на државен консензус во однос на спорот со Грција и прашањето со името. Без никакви консултации со опозицијата и на нетранспарентен начин се одвиваат преговорите со името“, пишува опозициската партија.

За да се изгласа недоверба на владата, потребен е 61 глас. Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има 51 пратеник во законодавниот дом.

Собраниската седница за оваа точка ќе се одржи в среда. 

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани