Поддржете ја новата колекција на „Шалева“
  Објавено на
share

 Поддржете ја новата колекција на „Шалева“ со донација




Македонската дизајнерка Душица Петит која живее и работи во Париз каде што веднаш по дипломирањето на одделот за висока мода на Есмод почна да го развива сопствениот бренд „Шалева“ со кој се претстави на минатото издание на Моден викенд-Скопје. Од досегашното креирање и последната колекција „Француска елеганција“, може да се забележи прецизната рачна изработка на моделите и елементи карактеристични за високата мода, но во моментов е преокупирана со создавање на првата prêt-a-porter колекција. За таа цел, како и повеќето млади дизајнери, се одлучи на crowdfunding системот, односно финансирање преку одреден сервис со цел комплетирање на проектот.
-Веќе неколку месеци работам на мојата прва prêt-a-porter колекција под брендот „Шалева“ и проектот ми е валиден на еден сајт за партитативно финансирање. На линкот на Ulule може да го погледнете проектот и ако сте во можност и да ја поддржите колекцијата. Неколку креации се ставени на претпродажба со пониски цени од оние кога ќе бидат лансирани како колекција, а кој сака може да го поддржи проектот без купување на креација. Минималниот износ за поддршка е 5 евра – ни објасни Душица Петит која во моментов во Париз ја креира својата prêt-a-porter колекција.
На сајтот за финансирање може да ги погледнете скиците со моделите од колекцијата наречена Watch Me, а неколку прототип дизајнерката веќе ги фотографираше. Колекцијата е црно-бела графичка игра со оп-арт елементи, а ќе бидат користени луксузни материјали спрецијално специјално изработени и испечатени за оваа цел. Дизајнерката порачува дека креациите може да ги носат и машките. Проектот на Ulule е валиден до 19 април.

Линк: https://www.ulule.com/shaleva/




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани