ОФИЦИЈАЛНО Ники Хејли се повлекува од трката, ја прекина кампањата за американскиот претседател: Трамп останува единствениот кандидат на републиканците
  Објавено на
share

 

ОФИЦИЈАЛНО Ники Хејли се повлекува од трката, ја прекина кампањата за американскиот претседател: Трамп останува единствениот кандидат на републиканците

Поранешната гувернерка на Јужна Каролина Ники Хејли денеска на прес-конференција соопшти дека ја прекинува кампањата за претседателска номинација на Републиканската партија.

 
Ники Хејли

- Дојде време да ја прекинам кампањата . Реков дека сакам да се слушне гласот на Американците. Тоа го направив. „Не жалам“, рече Хејли на прес-конференција во Чарлстон, Јужна Каролина.

 

Одлуката за прекин на кампањата значи дека единствениот преостанат кандидат за републиканската претседателска номинација е Доналд Трамп.

– По секоја веројатност, Доналд Трамп ќе биде републиканскиот кандидат. Му честитам и му посакувам се најдобро. Му посакувам добро на секој што би бил претседател на Америка – додаде Хејли.

Таа им порача на своите поддржувачи да бидат силни и храбри и да не се плашат.

– Не се обесхрабрувајте бидејќи Господ ќе биде со вас каде и да одите – рекла Хејли.

На 20-те внатрепартиски избори одржани досега, Хејли победи само во главниот град Вашингтон и Вермoнт




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани