„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПО ЧЕТВРТИ ПАТ ЈА ПОТВРДИ JCI-АКРЕДИТАЦИЈАТА КОНТИНУИТЕТ НА НАЈВИСОКИТЕ СВЕТСКИ СТАНДАРДИ ЗА КВАЛИТЕТ И БЕЗБЕДНОСТ
  Објавено на
share

 „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПО ЧЕТВРТИ ПАТ ЈА ПОТВРДИ JCI-АКРЕДИТАЦИЈАТА

КОНТИНУИТЕТ НА НАЈВИСОКИТЕ СВЕТСКИ СТАНДАРДИ ЗА КВАЛИТЕТ И БЕЗБЕДНОСТ

 
 
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ по четврти пат ја доби акредитацијата од
Joint Commission International (JCI), најпрестижната светска организација за
акредитирање на здравствени установи според највисоките стандарди за квалитет и
безбедност на пациентите.
Со оваа четврта акредитација, болницата уште еднаш го потврдува својот континуитет
во одржувањето и унапредувањето на врвните стандарди во здравствената грижа.
Ревизијата на болницата се одржа во периодот од 23 до 26 февруари и беше
спроведена од страна на меѓународен тим експерти на организацијата Joint
Commission International, при што беа детално евалуирани сите клинички и
административни процеси, организациски структури, услуги и процедури поврзани со
безбедноста и третманот на пациентите.
По завршената контрола, ревизорите беа едногласни во ставот дека Клиничката
болница „Аџибадем Систина“ овозможува беспрекорна грижа за пациентите во
согласност со светските протоколи и стандарди и има воспоставено функционален
систем што овозможува пациентите да се чувствуваат безбедно.
„Континуитетот во одржувањето и унапредувањето на квалитетот на грижата за
пациентите е најголемата потврда за сериозноста на една здравствена институција.
Токму затоа сме горди што успеавме да изградиме институција која не само што ги
достигнува, туку и низ годините ги одржува највисоките меѓународни стандарди за
безбедност и квалитет. Тоа е доказ дека болницата има изградено стабилен систем во
кој пациентите се згрижени идентично како и во другите светски болници, почитувајќи
ги истите протоколи и упатства што се применуваат во најпрестижните здравствени
центри“, изјави д-р Емилија Мирчевска, медицински директор.
 
ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА JCI-СТАНДАРДИТЕ Е ГАРАНЦИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ГРИЖА
 
Примената на JCI-стандардите подразбира воспоставување јасни, мерливи и строго
контролирани процеси во секој сегмент од работењето. Тие се темелат врз
интернационалните цели за безбедност на пациентите, кои вклучуваат: прецизна
идентификација на пациентот, ефективна и структурирана комуникација, зголемена
безбедност при употреба на високоризични лекови, сигурни и безбедни хируршки
процедури, превенција и контрола на интрахоспитални инфекции, како и намалување
на ризикот од повреди при болнички престој.
Во „Аџибадем Систина“ овие стандарди се целосно имплементирани и интегрирани во
секојдневната практика. Болницата располага со над 3 500 пишани процедури,
протоколи и формулари, кои задолжително се применуваат и редовно се ревидираат и
унапредуваат.
 
„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ Е ПРВАТА БОЛНИЦА ВО РЕГИОНОТ СО ОВАА ПРЕСТИЖНА
АКРЕДИТАЦИЈА
 
 
Со првата акредитација во 2016 година, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се
запиша на мапата на акредитирани болници на Joint Commission International (JCI) и
стана прва здравствена институција во земјава која работи во согласност со високите
стандарди за безбедност и квалитет. Од првата акредитација до денес, болницата
континуирано инвестира во унапредување на клиничките процеси, едукација на
кадарот и развој на целосно интегриран здравствен систем, кој поставува високи
критериуми во здравствената грижа според светски стандарди.



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани