Ја излези Ѓурѓо - промоција и спот на преработка на стара македонска песна од Некст Тајм
Објавено на

Промоцијата за  видео записот за старата македонска народна песна   Ja излези Ѓурѓо’’, која потекнува од Демир Хисар.

Оваа песна Стефан ја испеа во неколку наврати и секаде каде што имаше прилика, а за тоа постојат записи во многу телевизиски медиуми.

Големата желба да ја овековечи песната со видео запис и преработка, која ја направи познатиот музичар Никола Мицевски, Next Time ја реализираше со проектот кој го поддржа сегашната продукциска куќа Prive Production од Белград, чии ексклузивци се во моментов.

Целокупната идеја за овој видео запис е заслуга на гитаристот на бендот Next Time, Мартин Филиповски, се разбира во соработка со Стефан Филиповски – вокал, како и прекрасната Власта Ружиновска која е главен женски актер во видео записот.

 

На промоцијата освен што ќе се претстави спотот, тие планираат да одржат и анплагд концерт на кој ќе ги испеат сите свои најголеми хитови.

Некст тајм овој понеделник ќе го промовираат долгоочекуваниот спот за песнната " Ја излези, Ѓурѓо", која како автор ја потпишува музичарот Никола Мицевски. Станува збор за народна песна, од која браќата очекуваат многу.

Ваква песна и ваков спот се уште нема на овие простори. Не дека производот е наш и се фалиме, но верувајте дека навистина е така. Спотот го снимавме четири дена и во него има неверојатна приказна. По година и кусур пауза, решивме да се вратиме на музичката сцена со нешто бомбастично и се надевам дека на публиката ќе и се допадне ова што го сработивме", вели Стефан.

На промоцијата освен што ќе се претстави спотот, тие планираат да одржат и анплагд концерт на кој ќе ги испеат сите свои најголеми хитови.

Ова е промоција што ја правиме за фановите. Затоа ги покануваме сите кои ја слушаат нашата музика да повелат и да уживаат во дружбата со нас. Заедно ќе пееме, ќе свириме и ќе се дружиме неколку часа", додаде пејачот.

По Нова година браќата ќе го промовираат спотот и во Белград, каде потпишаа договор со продукциската куќа на текстописката Марина Туцаковиќ.

Снимивме еден сингл и спот на српски јазик, а наскоро ќе снимиме уште неколку. По празниците планираме да направиме голема промоција и таму, но се по ред. Имаме продукциска куќа која стои зад нас и се надеваме дека ќе успееме да оствариме успех и надвор од нашите граници", вели Стефан.

 

 

                                                                    

 




КОМЕНТАРИ



Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани