ТЕМПЕРА - КОНЦЕРТ - СТАНЦА 26 ДЕКЕМВРИ 2014
Објавено на

Моите импресии од настапот на Темпера се фантастични, да се разереме од почеток. Искрено мразам студени и неемотивни рецензии и никогаш објективноста во музиката не ми значела ништо. Ако рецезентот ја сака рок музиката тешко дека може да ви пренесе впечаток дури и за најквалитетниот симфониски концерт. Еверо (шо би рекол младичот) ...  но ова сватете го како личен впечаток без намера да навлегувам во некои длабоки квази - аналитики особено за настан кој е толку редок кај нас.  Да, ректост е ова - рок концерт ... премногу ретко, нешто како вид на изумирање , мислам тука пред се, на рок музиката. А вечерва се уверив дека рок музиката сеуште врз мене го има иститот оној ефект кој го имаше и кога бев далеку, далеку помлад.

Рака под рака со Лидија, се посадивме странично од сцената на шанкот, се поздравивме со бендот, удривме тура сликање, пивата во раце и спремни за почеток. Доцнење вообичаено рокерско, цел час, ама овој пат времето беше потрошено на евоцирање спомени, стари албуми, и размена дали има нешто ново што ќе не стресе во музиката, онака како некогаш. Претходно, албумот на Темпера го преслушавме и ни остави одличен впечаток, особено хитот Скокај и преработката на култната Коњаници. На Цд звучи ок, одлично ... ама .... рок музика тешко се перцепира само на студиска снимка ... јас знам зошто ... мал милион пати сум се уверил во тоа. Имено има една работа која се вика внатрешен порив. Овие дечки&девојка ама баш никаква потреба немале да издават музика да сега на воие години да одат по патот на Стонси ... но она што ретко кој го разбира е внатрешниот порив ... но јас го имам, да конзумирам таква музика.

Еве зошто го кажувам ова ... го знаеш матерјалот, го знаеш бендот, ја знаеш нивната предисторија, си ги слушал многупати на настапи и во други проекти ... И одеднаш на сцена, пред публика не толку студена туку ментално изабена и отупавена затоа што просек беше над 35 години, бенд кој излегува и пристапува како да е ова некој си рок фест каде се борат за некоја награда и широка афирмација, како да вчера почнале да се бават со ова.

Да се разбереме, ова е музички најјаката можна постава во Македонија, они се СуперГрупа! Но, еве дури без Тања, тројцата како секција бас, тапани и гитара, немаат конкуренција кај нас.

Е ајде почни де ... и  јас сум за жал лошо преопширен затоа што топлината во душата ми е обратнопропорционална со ладното пиво на минус 3,5 степени како што дигимтарот на фрижидерот што покажуваше.

Почна концертот, со третата, мојата омилена која не е од експонираните :) Добро е оти имав намера да им довикувам ТРЕТАТА, ТРЕТАТА!!!! која сепак, за атер, се вика Солени Облаци. и прашат децава како да се таму родени! Знаете, ли како изгледаа на сцена? Замислете неколку диви ѕверови, лавови, тигри... шогодае, кои сте ги припитомиле и сте ги држеле во заложништво и со месеци сте ги хранеле со лист зелена салата и чаша јогурт и одеднаш ги носите кај Дестан и ги пуштат внатре ...

Токму таков впечаток и ми оставија. Овие луѓе беа "гладни", "умираа" за вакво нешто. За настап, за концерт. Mузиката колку што им излегуваше од инструментите уште повеќе излегуваше од нивните мимикi и движења на сцената. Да немаше тон, да бев глув, ќе ја осетев секоја нота, толку беа експресивни и со секој дел од битието внесени и вознесени во она што го свиреа. А самата свирка ... како што доликува на нивниот лик и дело, перфектно уиграни со доволно простор за филување со по некоја нота повеќе или помалку како израз на желбата и поривот. Ви реков, овде не се главни Темпера, нивниот албум, овде говорам за луѓе со огромен талент и уште поголема љубов кон музиката која извираше од нив како во финалната сцена на Петиот Елемент.

Тања за мене е откритие затоа што одмна не ја следам македонската музика и тоа го правам само одвреме навреме и подарувам внимание само на ректи авоторитети кои можат да ме пленат со својата музика ... но Тања ...останав зинат. Па кај беше жено да се родиш пред 5 децении па младоста да ја поминам преслушувајќи ги твоте 30 албуми. Инкарнација не постои, но постои вибрација како вечна инспирација која секој човек ја остава зад себе во вечноста. Џим Морисон ја има својата инкарнација овде и сега и како жена!  Нека ми прости Тања, но нејзиниот настап, сугестивноста, движењата кои иако се потполно нејзини, искрени и спонатни, но тесните кожни панталони, црвената кошула и театралноста која совршено ја вклопи во музиката, дефинитивно и ја лепам таа етикета... иако мислам дека ова е пред се признание и орден за уметност.

Гино во една вечер извди се што собрал цел ивот, не само што свирел со Архангел туку и што слушал како музика. Неговиот послужаник преполн со хоруси, дилеи, овердајвови и други процесори воопшто не ја замаглија неговата инвентивност. Дејвид Гилмор би го частел пиво и би го викнал на сешн, но човекот се пензионирапше, а Гино, за наша среќа, има уште могу што да каже. Не, не ми е јасно како може и после толку години да свири како напален тинејџер кој треба да се докаже за прв пат на јавен настап. Затоа Гино за мене е еден од најискрените гитаристи кои внесува во секој тон емоција и затоа неговиот звук секогаш има една носталгична нота, постојано сте на работ како да сте го слушнале некаде некогаш, а во суштина е потполно ново. Не верував дека гитарско соло може добро да звучи денес, во ова дигитално доба на инстант музика,  со дигнат прст во воздух а друката рака на миксета, со своткана глава на слушалка како што секој просечен кондом кој пушта музика се нарекува диџеј, а своите настапи ги нарекуваат - свирење!?!?! Секоја чест на квалитетните исклучоци.

Мите - е човекот поради кој јас на времето се откажав од лупање бубњеви, како нелитаратурно си кажуваме ние. Камо да беше појавата на ритам машината јамаха RX7... Мите за мене е она што за светот е Јан Пајс. Артиулиран  и прибран но знае така да ги усложни работите во една едноставна хармонија и ритам што песната не верувам дека може да звучи така добро и уверливо кога би биле заменети со било кој друг макар и компјутер. И денес, неговата енергија е неприкосновена која е втемелна на совршена техника.

И секако Џоле, кој како да беше на задача на длабоко есенско ореање. Ја влечењше целата свирка како реморкер, со такви добри фрази кои прилагаат дури и во фанкот и џез рокот, за разлика на вообичаените право држење колку да се пополни спктарот на звучната слика толку честа во рок музиката. Секој од нив држеше ритам, секој од нив свиреше хармонија, секој од нив се надополнуваше, еден со друг, и така го созададоа намоќниот и најспектакуларниот звук досега. Затоа Темепера е вистинска СУПРЕГРУПА!

Базични, ортодоксни, рок музичари кои свират рок музика... колку само ми фалело доказ е за тоа што таа вечер испив две пива... да се разбереме, јас не пијам алкохол а две пива никогаш во живот не сум испил. Лонг лив рокенрол! Кога на средината на концерот почнаа да ги свират помирните теми, а кои и призвучуваат на блуз ми се обраќа шанкерот и ме прашува

- Извини, каква музика е ова?

Се шокирав... па веднаш се прибрав, го погледнав ... дваесет и кусур години ... а што знае дете што е Цепелин, Парпл, Бед Компани, Архагел... Му викам

- Рок!

- Каков рок?

- Чист, најобичен Рок, прав рок, рок музика каква што е и треба да е.

- Навистина? Мислев дека рок музиката е нешто друго ...

Ако новите генерации одлучат да си продолжат да се дават во канализацијата наречена шлагер, турбо или шогодае, ок, ваша работа, рок музиката не треба да се држи на апарати, ако има интерес ок, ако не, па бестрага ... Но вие немате поим што пропуштате.

Оваа вечер јас имав емиционален карусел, јас уживав со филинг каков што не сум почувстувавл од тинејџерските денови. По концерттот малку фатени од пивото, излеговме со  Лидија и тргнавме пеш накај дома. Застанавме и се потпревме на ѕидот од зградата каде  долго останавме гушнати на студениот водух, како небаре сме дечко и девојка кои се  долго се испраќаат во ноќта. Се држевме така еден до друг, небаре не сакаме да го испуштиме ова последно парче младост кое останало живо во нас и кое така убаво тлее и грее.

Ви благодарам за оваа вечер

 

 

 




КОМЕНТАРИ



Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани