Сте се прашале ли каде се кријат најголемите богатства и тајни на планетава? Каде компаниите, државите, корпорациите ги кријат своите најголеми драгоцености?
Постои една планина во САД, се вика Железна Планина и во неа има сефови издлабени во карпите во кои прватници, држави, институции, компании, ги одложуваат на најбезбедно нивните вредни дела, уметнички артефакти, филмски остварувања, софтвер, и што уште не. случајно го загледав ... и барав уште. Фасцинантно!
Самата планина е едно од најбезбедните места на светот, а се смета дека може да издржи повеќекратни, директни, атомски удари.