WHE WE WERE YOUNG - Адел во живо во студио
Објавено на

Адел со извореден перформанс на песната When We Were Young, изведен во студијата Church - Англија.

 

 

 

Но, неколку мои забелешки кои кај дел од публиката ќе мине незабележано.

http://ethercreative.co.uk/wp-content/uploads/2015/06/church-studios-logo.jpg

Атмосфера достојна за местото каде е направено студиото, стара црква адаптирана во врвно тонско студио. Црквата е изградена во 1850-та. Се до осумдесетите таа ги опслужувала верниците, но со времето оваа огромна црква едноставно била преголема за потребите на граѓаните и ја делат на две целини. Едната е за креативни музички творби, студио со врвна опрема, а другиот дел си останал она што е црква за верниците од христијанската религија.

Во 1984-та во него снима и дуото Јуритмикс, Дејв Стјуарт и Ени Ленокс со што ова студио го добива фокусот на музичката и стручната јавност. Опремата е на такво врвно ниво да остава без здив, нојман-ите, танои-те ССЛ-от до најситен детал, особено карверите и активните Танои за кои имам сознание дека само стотина такви се направиени во светот и сите служат како студиски монитори.

Односот на студиските музичари тоталнио профи до последен атом, дисциплинирани, без керефеки карактеристични за другата страна на барата, камерни и безгрешни во изведбата, со висока свесност и врвен перформанс. Без здив! Како да се на литургија, достоинствено и уште еднаш, зашаметувачки професионално.

Ако некој се праша зошто сево ова? Ревербот не е вештачки во оваа песна. Толку.

 

 

 

 




КОМЕНТАРИ



Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани