Соња Лепиткова проф доктор и Христијан Делев
Објавено на

 

Соња Лепиткова проф доктор на факултетот за природни технички науки и државен секретар во министерството за животна средина во владата на Република Македонија и Христијан Делев заменик министер за економија во владата на Република Македонија, во Јади Бурек, вторник 25 април 2017.

Плус пар факти заради хистеријата со закани и од насислтво и вугарност иницирани од дел од соросписките сегменти уфрлени во целава работа.

- имав гостин пред референдумот во емисија и му дадов фер простор за изјаснување

- јавно го поддржав референдумот како демократски израз и тој став не го сменив ниту ќе го сменам

- како одлучиле гевегеличани е апсолутно и безпоговорно нивно право и никој ништо не може тука и тоа мора секој да го почитува, вклучително и ЈАС! За тоа секоја ви чест!

Но!

Демократијата и особено новинарството дозволуваат човек да не се согласи слепо со се и да истражува, разговара, дебатира, носи гости на оваа тема, за општо добро

Затоа и во иднина ќе носам гости и ќе говориме на оваа тема оти Македонија не е само Гевгелија и сакам да ја знам целата слика и вистина.

Има некои кои и нема да се согласат со нешто... И?! - Треба да се запалат на клада? Ова е фашизам или демократија во која ќе се дозволува и поинакво мислење? Толеранција?

Ако ова погоре ви е проблем, тогаш навистина немам што повеќе да додадам, се друго е надвор од здравиот разум и добриот вкус.

Повиците на линч кон мене и некои мои колеги се само доказ дека во целата процедура се уфрлени ликови кои токму тоа треба да направат, да се закануваат и да навредуваат заради политичка агенда

Се оградувам од сите инсинуации и навредливи коментари и дел од хистеријата која ја креваат политички активисти и и активисти од некои нво-а




КОМЕНТАРИ



Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани